Европските избори треба да бидат достојни, но здодевни вежби во градењето центристичка коалиција. Не овој пат, пишува Политико.
Напливот на екстремно десничарскиот популизам во Франција го испровоцира францускиот претседателот Емануел Макрон да свика национални избори со висок ризик кои би можеле да ја одредат иднината не само на неговата земја, туку и на самата Европска унија.
Низ континентот беше добра, но неспектакуларна ноќ за централно-десничарските и екстремно десничарските партии и ужасна за либералите, а особено за зелените.
Но, во Франција, екстремно десничарскиот „Национален собир“, (Национален фронт) предводен од евроскептичните и НАТО-скептиците, целосно ја уништи либералната ренесанса на Макрон и сите други претенденти.
Националниот собир е на пат да освои 31,5 отсто од гласовите – повеќе од двапати од 14,7 отсто предвидени за либералната партија „Ренесанса“ на Макрон.
Во коцкањето со висок ризик за враќање на политичката иницијатива, Макрон се обложи дека гласачите ќе ја вратат екстремната десничарска плима и ќе покажат дека Националниот собир на Марин Ле Пен не може да победи на национално ниво.
„На Франција и треба јасно мнозинство за спокојство и хармонија. Да се биде Французин, во душата, значи да се избере да се пишува историја, а не биде воден од неа“, рече Макрон.
Мујтаба Рахман, шеф на Европа во Групацијата Евроазија, консултантска компанија за ризик, смета дека облогот ќе се исплати. „Тоа речиси сигурно ќе ја кочи Ле Пен“, рече тој.
Ле Пен изјави дека нејзината партија е „подготвена да ја практикува власта“ и им порача на своите воодушевени следбеници: „Можам само да ја поздравам оваа одлука“.
Што е Национален собир?
Националниот собир е националистичка и популистичка десничарска партија, која бенифицираше од подемот на десницата низ Европа, пренесува Скај њуз.
До 2018 година беше познат како Национален фронт, но во обид да го подобри својот имиџ се ребрендираше додека Ле Пен работеше на обидот да го ублажи имиџот на партијата и да ги отстрани долгогодишните обвинувања за расизам и антисемитизам.
Основана во 1972 година од Жан-Мари Ле Пен, таткото на г-ѓа Ле Пен, денес партијата е предводена од Џордан Бардела, 28-годишник, кој брзо се најде на политичко лидерство.
Националниот собир зазема тврд став за имиграцијата, сакајќи драстично да ја ограничи, и иако повеќе не сака да ја напушти ЕУ, рече дека ќе ја реформира.
И покрај омекнувањето во последниве години, Националниот собир сè уште се смета за крајно десничарска партија чие искачување на власт значително ќе ја промени Европа.
Назми Абдурахмани