Францускиот претседател Емануел Макрон изразил подготвеност за телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, под услов Владимир Зеленски и европските лидери да се договорат, пишува францускиот весник „Поан“.

– Подготвен сум да разговарам со претседателот Путин, кога претседателот Зеленски, нашите европски партнери и јас ќе оцениме дека е дојден вистинскиот момент – рече Макрон.

Претходно, францускиот претседател веќе изрази подготвеност да разговара со Путин кога ќе дојде соодветниот момент. Според Макрон, тоа би можело да се случи во текот на претстојниот циклус на преговори.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја претходно намерата на Макрон, рече дека нема барање за организирање телефонски разговор меѓу лидерите на двете земји, пренесува Спутник.

Текстот Макрон: Подготвен сум да разговарам со Путин, кога Зеленски, нашите европски партнери и јас ќе оцениме дека е вистинскиот момент е превземен од МАКФАКС.