Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли оставката на премиерката Елизабет Борн, соопшти утринава Елисејската палата, два дена по парламентарните избори на кои владејачката коалиција го загуби апсолутното мнозинство.

Advertisements

Макрон ја одбил понудената оставка „за владата да остане посветена на своите задачи и да работи во следните денови“, јави ТВ БФМ.

„Шефот на државата ќе ги спроведе потребните политички консултации за да се најдат конструктивни решенија во служба на Французите“, се наведува во соопштението објавено пред серијата средби на Макрон со лидерите на партиите денеска и утре во Елисејската палата.

Прикажи повеќе