Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа мора да го заштити својот суверенитет, стратешката автономија и пазар наместо да зависи од другите.

На самитот на европската политичка заедница во Будимпешта тој порача дека мора да се изгради Европа која е одбранбена и способна да биде безбедна.

Како што рече, Европа мора да игра важна улога во НАТО алијансата. „Тоа е стратешка улога што ние во Европа мора да ја сфатиме сериозно. Не можеме да ја оставиме нашата безбедност на Американците.

Без разлика дали сте членка на Европската унија или не, ние мора да се погрижиме да имаме европски преференци во нашето индустриско производство. Мораме да се погрижиме да имаме безбедност во нашите земји, на југ, на исток, на запад“, рече Макрон.

Францускиот претседател посочи дека Европа мора да се погрижи да биде обединета и да ги брани сопствените проблеми со сајбер напади и дезинформации.

„Мораме да ги заштитиме нашите демократии, нашите демократски правила“, рече Макрон, пренесува Танјуг.

Текстот Макрон: Мораме да изградиме Европа која е одбранбена и способна е превземен од МАКФАКС.