Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека е убеден дека ЕУ ќе мора да се врати на заедничко задолжување за да го исплати претходниот долг и за повеќето трошоци за одбраната.
„Убеден сум дека ни треба паневропски заеднички заем за да почнеме да го враќаме долгот подигнат за закрепнување од пандемијата и да можеме да ги финансираме нашите потреби во областа на вештачката интелигенција, одбраната, климата“, рече Макрон по завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел.
Лидерите на ЕУ ја одржаа својата прва дебата за следниот седумгодишен буџет за периодот 2028-2034 година на нивниот самит што заврши во четвртокот вечерта.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на прашањето колку се реални изгледите за ново задолжување на ЕУ за потребите на одбранбеното зајакнување, рече дека „тоа не е исклучено“.
Макрон призна дека во моментов нема консензус на ЕУ за ова.
Германија, Холандија и северните членки на ЕУ традиционално се спротивставуваат на заедничкото задолжување. Но, и Германија се предомисли и се согласи на голем долг од 800 милијарди евра за да ја спаси економијата од последиците на пандемијата на Ковид-19.
Макрон рече дека засега е рано да се каже каков став ќе има идниот германски канцелар Фридрих Мерц за ова.
Текстот Макрон: ЕУ ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување за да го исплати претходниот долг и трошоците за одбраната е превземен од МАКФАКС.