реклама
Во петокот вечер, на покана од македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, групата „In the mood“ од Скопје, имаше извонреден настап на Тирана џез фестивал. Првиот дел на тиранскиот фестивал, секоја година се одржува на крајот на април и редовно е богат со голем број на различни имиња од европскиот џез.
Овој пат, неколку дена имаше тематски вечери насловени ,,Средбата на Италија со Балканот“ каде настапуваа по две групи од Италија и една од Албанија и Балканот. Секој бенд имаше по еден час можност да ја претстави својата работа. Во прекрасна, барска атмосфера, публиката беше воодушевена од настапот на „In the mood“. По настапот, неколкумина италијански менаџери, изразија задоволство и упатија покана, да настапат нa некој од реномираните џез фестивали во нивната земја.
реклама
На 10 мај, Културно информативниот центар во Тирана ќе го претстави пред тиранската публика, Народниот театар од Битола.
реклама