Во текот на вчерашниот ден во Врање се вакцинирале тројца граѓани на Македонија, а од почетокот на имунизацијата во овој град во Србија во спортската сала првата доза е аплицирана на 13.657 македонски државјани, јавува МИА.
Според порталот Врање њуз, втората доза во Врање ја примиле 11.966 македонски државјани.
Севкупно, убедливо најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм, пред Фајзер, Спутник и АстраЗенека.