Македонската женска ракометна репрезентација запиша втор пораз во пријателските натпревари со селекцијата на Србија.

Вториот натпревар одигран во Стара Пазова заврши во корист на српските ракометарки со 20-19.

Избраничките на Љупчо Савевски одиграа подобро во однос на првиот дуел, кој го загубија со осум гола разлика.

Српската селекција прави финални подготовки за настапот на Светското првенство. Овие два меча со Македонија беа можност за селекторот Урош Брегар да тестира повеќе тактички варијанти во пресрет на светскиот собир.

Србија – Македонија 20-19 (13-11)

Србија:
М. Агбаба 4, Ј. Агбаба 2, Бојичиќ 2, Вукајловиќ, Митровиќ 3, Јововиќ, Богуновиќ, Обрадовиќ, Граовац, Ѓурашиновиќ, Стамениќ, Јовановиќ 1, Ловриќ 2, Јањушевиќ, Рисовиќ, Коциќ 5, Којиќ, Радојевиќ, Гаровиќ 1

Македонија: 
Серафимова, Мицевска, Јовановска, Миновска, Ристовска 4, Дукоска, Ризоска 2, Дабевска 1, Јанкуловска, Коцева, Стојковска 3, Младеновска, Јанеска 7, Гичевска 2, Кипријановска, Коловска, Чатева, Коцева, Седлоска