Македонската кикбокс репрезентација се врати со четири медали од Европското јунирско кикбокс ВАКО првенство кое изминативе денови се одржа во Будва, Црна Гора.
Миа Тодорова се закити со сребрен медали, а бронзени одликувања освоија Горјан Ристевски, Олгица Орешкова и Силвио Мировски. Туркер Исмаил поради повреда настаната на квалификациите не успеа да се пласира во мечевите за борба за медал.
„Македонските репрезентативци покажаа одлична пожртвуваност во борбите на европскиот шампионат. Сакам да кажам дека и покрај напорните тренинзи што ги имаа сите наши натпреварувачи низ подготовките, пандемијата остави последици и си го направи своето спречувајќи ги да го дадат својот максимум во рингот. Одлично се бореа и имајки ги во предвид сите потешкотии со кои се справуваме изминатиот ковид-период јас сум задоволен од постигнатите резултати. Добра работа е тоа што повеќето го имаат прележано вирусот, исто толку се вакцинирсни поради што се надевам дека во иднина нема да има што да не спречи или да ни отежне во остварувањето на подобри резултати“ – ни изјави по завршувањето на првенството со свој осврт за постигнатото, претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија и селектор, Дејан Митровски – Урко.