Шанса за уште две златни медали за Македонија!
Двајцата претставници од Македонија, Марко Трајановски и Вања Гавриловски, се пласираа во финалето на MFC 21 (Montenegro Fighting Championship), кое ќе се одржи на 6 април 2025 година во Бар, Црна Гора.
По доминантната победа на Марко Трајановски против претставникот на Австрија, Франческо Батистата, тој ќе се соочи со домашниот борец Алекса Зујовиќ во категорија до 88.4 кг. Од друга страна, Вања Гавриловски ќе влезе во октагонот против Урош Вучиниќ, исто така од Црна Гора, во категорија до 70.3 кг.
Финалните борби ќе се пренесуваат во живо на Adriatic Sport Live TV, со почеток од 19:00 часот.
Текстот Македонските борци во финалето на MFC 21 во Црна Гора – Марко Трајановски и Вања Гавриловски е превземен од МАКФАКС.