Вечер во Битола почнува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Црвениот тепих за филмофилите ќе биде поставен пред пациото на битолскиот Музеј, а на филмското платно ќе биде емитуван македонскиот филм „Сестри“ кој неодамна на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари, освои специјална награда од тамошнто жири.
Во филмот на режисерката Дина Дума и кинематогаферот Наум Доксевски настапуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Ханис Багашов, Мај-Линда Косумовиќ и Верица Недеска. Филмот „Сестри“ е копродукција меѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.
Во рамки на фестивалот, организаторот ќе врачи „Златна Камера 300“ за животен опус на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и специјална награда „Камера 300“ на рускиот режисер Андреј Кончаловски.
Најновото фестивалско издание на ИФФК „Браќа Манаки“, во градот под Пелистер се одржува под мотото „И покрај се’“.