реклама
Со македонски пасош може да се влезе во 125 други земји без најава, посебно одобрување, или без виза, што го сместува на местото број 43 на новата листа на „Хенли паспорт индекс“.
Сингапур е на прво место, па граѓаните на оваа островска држава можат да влезат во 192 држави без виза – повеќе од патниците од која било друга земја. На второто место, Германија, Италија и Шпанија се изедначени, па нивните државјани со своите пасоши имаат безвизен пристап до 190 други земји.
реклама
Јапонскиот пасош овојпат е на третото место, (189 држави), изедначен со Франција, Австрија, Финска, Шведска, Луксембург и Јужна Кореја.
Обединетото Кралство е на место бр. 4, со влез без посебно одобрение во 188 други земји.
реклама
Во однос на поранешна Југославија – словенечкиот пасош е на место бр. 9, со влез во 183 земји без претходно одобрение. Хрватска е 14-та (со безвизен влез во 175 земји), Србија е на 34. место (137 држави). Следи Црна Гора на 44. место коешто го дели со Венецуела (124 земји). Босна и Херцеговина е 47-ма (со влез во 118 земји без виза за влез).
Албанија има безвизен режим со 117 други земји, а Косово е најдолу рангиран меѓу земјите од Западен Балкан (94. место, со влез во само 42 земји без виза).
реклама
Грција е на седмото место, со безвизен влез во 185 други земји. Бугарскиот пасош е на место бр. 13 (176 држави).
Соединетите Американски Држави, кои беа први во 2014 година, паднаа на осмото место, што е нивната најниска позиција досега (со влез во 184 други држави).
Руската Федерација е 49-та (115 земји).
Авганистанскиот пасош е на дното на листата, бидејќи земјата има безвизен пристап до само 27 земји, а над нив се Јемен, Пакистан, Сирија и Ирак.
„Хенли и партнери“ (Henley & Partners) е консултантска компанија за миграција со седиште во Лондон, Велика Британија. Оттаму го составуваат годишното рангирање користејќи податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт. Индексот ги рангира земјите врз основа на бројот дестинации кои нивните граѓани можат да ги посетат без виза.
реклама