Македонскиот државен врв, дипломати од целиот свет, изложби и промоции на конференцијата „Украина – две години хероизам“

„Украина – две години хероизам“ е наслов на големата конференција в понеделник, 26 февруари, во Музејот на македонската борба за независност, со почеток во 10 часот, во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Богатата програма на конференцијата опфаќа обраќања на највисоки претставници на нашата држава и дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Шведска, Германија, Полска и Литванија.

Во музејот ќе бидат поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии.

Програмата предвидува и промоција на книгата „Украина – години на хероизмот“ од Џабир Дерала.

Организаторите најавија повеќе информации во текот на викендот.

ЦИВИЛ Тим за комуникации