Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе се натпреварува на претквалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Париз. Вкупно 32 репрезентации од Европа ќе играат во четири групи во Талин, Гливице и Истанбул. Согласно со предвидениот план, групите А и Б (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите Ц и Д во Турција.
Како осми носител, Македонија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четврттата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).
Турнирите ќе се играат во периодот од 12. до 20. август, а само победниците ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз во 2025 година.
Нешто подоцна е предвидено да се формираат и натпреварувачките групи на турнирните кои освен Европа, ќе се играат и во Лагос (Африка), во Аргентина ќе се игра во американската зона (градот ќе биде подоцна потврден), исто како што се очекува и потврдата за организаторот на турнирот во Азија./Gol.mk/