Македонија ја очекува пандемска зима – прогнозираат лекарите. Сезонскиот грип, ладното време, собирите во затворени простории ќе резултираат со повеќе новодијагностицирани и хоспитализирани од Ковид 19. Со доаѓањето на зимата, ризикот, според доктор Злате Мехмедовиќ, ќе биде уште поголем и во училиштата.
Во училиштата и покрај неколкупати најавеното се уште нема скриниг. Доктор Мехемдовиќ предлага и тестирања на секои 3 до 5 дена на учениците. Во министерството за здравство нема информации кога конкретно ќе почне тестирањето на 8 200 ученици од основните и средни училишта, кои ќе бидат по случаен избор тестирани – се со цел да се добијат податоци за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата. Од здравтство велат подготовките се во тек.
„Во моментов се креира примерокот, односно се прецизира, во кои училишта, кои деца ќе се тестираат, по што ќе започне прибирање дозволи од родителите или старателите за тестирање ученици“ – велат од Министерство за здравство.
Македонија секојдневно и натаму регистрира голем број на починати и новозаболени од ковид 19, Скопје, Куманово и Велес се на врвот на листата по број на активни слуачи. Паралелно во земјава тече процесот на вакцинација и со трета доза на вакцина. А според последните анализи на министерството за здарвство изминативе два месеци од вкупно 38 019 позитивни на ковид 19 – 9 163 лица биле целосно вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица, пак, кои се невакцинирани изнесува 81 процент, додека само 19 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, посочуваат од здравство.
Според анализите на ресороното министерство во истиот период, како последица од вирусот, починале 1 277 пациенти од кои 1 070, односно 84 проценти не биле вакцинирани, додека 207 од починатите имале примено вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Извор: 24.мк
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.