Македонија со 17 спортисти ќе биде претставена на Европските игри во Краков кои ќе се одржат од 21 Јуни до 2 Јули.
Македонското знаме на церемонијата на отворање на игрите ќе го носат Милијана Рељиќ и Емил Павлов. Најголем адут покрај каратистот Павлов сигурно е и олимпиецот, таеквондистот Дејан Георгиевски. Најдобрите македонски спортистки и спортисти ќе отпатуват во Краков на 19. јуни.
За време на Европските игри 2023 ќе се одржат и натпреварите од третата Европска атлетска лига на кои ќе учествуваат и најдобрите македонски атлетичарки и атлетичари./Makfax/
Македонија на Европските игри ќе ја претставуваат следните спортисти:
Емил Павлов – Карате
Анастасија Мојсовска – Спортско стрелаштво
Мартин Ангелески – Спортско стрелаштво
Мирјана Релиќ – Таеквондо
Анамарија Георгиевска – Таеквондо
Дејан Георгиевски – Таеквондо
Димитар Пејчиновски – Текбол
Анѓел Петрушев – Кајак
Никола Малевски – Кајак
Владимир Малевски – Кајак
Николовски Никола – Мечувалство
Србиноски Петар – Мечувалство
Дамјаноски Петар – Мечувалство
Тодороски Матеј – Мечувалство
Озмен Илхан Атила – Бокс
Ален Рустемовски – Бокс
Арјан Исени – Бокс