Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки кои стапуваат на сила од 1 август, со завршувањето на последното одложување на претходно најавените царини.
Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична на онаа што ќе важи и за Европската Унија. Претходно објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување, пренесе „Блумберг адриа“
Трамп воведе минимална глобална царинска стапка од 10 отсто, додека за земјите со кои САД имаат изразен трговски дефицит, тарифите ќе започнуваат од 15 отсто па нагоре.
Од европските земји, највисока стапка од 39 отсто ќе важи за Швајцарија. Србија ќе се соочи со царина од 35 отсто, Босна и Херцеговина со 30 отсто, додека Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ, се во истата група со Македонија – со 15 отсто. За земјите што не се наоѓаат на официјалниот список на Белата куќа, Анекс 1, меѓу кои се Црна Гора и Албанија, ќе важи пониска стапка од 10 отсто.
Текстот Македонија со царина од 15 отсто – Tрамп ги објави стапките за земјите од светот е превземен од МАКФАКС.