Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва ќе го пречека Велс во натпревар од второто коло во Ј групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Двете репрезентации квалификацискиот циклус го започнаа со победи, во саботата Македонија победи во Лихтанштајн (3:0), а Велск го совлада Казахстан (3:1). Во групата се наоѓа и Белгија, оваа репрезентација квалификациите ќе ги започне во јуни, бидејќи минатата недела играше, против Литванија за ипстанок во А-дивизијата, во Лигата на нации.
Македонија и Велс во добра форма ќе влезат во меѓусебната пресметка во Скопје. Македонија, во официјални натпревари нема пораз на последните осум натпревари, на шест однив не прими гол. Велшаните се без пораз на последните седум натпревари ( четири победи, три нерешени).
„Велс е анализиран и мислам дека сме подготвени, треба да бидеме беспрекорни на тактички план и во тркачкиот дел и секако мора да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат.
Ние не сме фаворити. Според ранкингот и квалитетот на Велс се работи за противник кој има екстра квалитетни играчи. Сепак, во спортот не секогаш фаворитите победуваат. На нас е да бидеме максимално подготвени, а дали ќе успееме да забележиме позитивен резултат ќе видиме. Велс е можеби најсериозен противник откако сум на кормилото на репрезентацијата. Компактна селекција, тркачки совршена, технички многу унапредена и не очекува сериозен тест“, рече селекторот на Македонија, Благоја Милевски.
Низ историјата, Македонија и Велс два пати се сретнаа во квалификациите за Мундијалот во 2014 година. Македонија победи во Скопје (2.1), а Велс во Кардиф (1:0).
Натпреварот во Скопје ќе започне во 20.45 часот, се очекува Националната арена да биде исполнета до последното место. Целиот приход ќе им биде дониран на настраданите и повредените во трагедијата во Кочани.
Текстот Македонија против Велс во квалификациите за СП е превземен од МАКФАКС.