Ракометната репрезентација на Македонија, играчи до 19 години, Мундијлот во Хрватска го заврши на деветтото место. Во борбата за пласман Македонија ја победи Чешка со 28:22.
Во триумфот над Чешка блескаше Калајџиски, кој од 14 обиди постигна 12 гола. Со осум гола се истакна Димевски, четири постигна Стојановски, а голманот Брестовац запиша 10 одбрани.
Македонија под водство на селекторот Раде Стојановиќ на ова Светско првенство ги победи Грузија, Црна Гора, Австрија, Унгарија и Чешка, а загуби од фаворизираните Данска и Норвешка.
Фото/ РФМ