Фото/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија ја опрвада фавористката улога против Естонија, победи во Талин со 36:17, во претпоследното квалификациско коло за пласман на Европското првенство следната година.
Избраниците на Кире Лазаров во ниту еден момент немаа проблем со, според квалитетот, скромната домашна селекција.
Акумулираа девет голови предност по првиот дел (19:10), односно десет во второто полувреме, за најубедливата победа на гостински терен во историјата на националниот тим.
Блескаа голманите Митревски и Томовски, комбинираа 19 интервенции. Митревски во првиот дел одбрани седум, а Томовски во вториот 12 удари.
Стрелците ги предводеа Кузмановски со шест, однсоно Серафимов со пет гола.
На 11.мај, во Скопје, Македонија ќе ја пречека Литванија во последното коло. Со победа Македонија ќе избори пласман на континенталниот шампионат.
Текстот Македонија одржа час по ракомет во Естонија е превземен од МАКФАКС.