Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе ја пречека Грузија на 27 февруари во рамки на квалификациите за Светското првенство 2023 година.
Кошаркарите го сменија домашните паркет, па наместо во „Јане Сандански“ како досега, овој натпревар ќе го одиграат во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот. Првата пресметка со Грузија е на 24 февруари во Тбилиси, а ќе се игра со почеток од 20 часот.
Во последните две рунди, што се играат летово, најпрво гостуваме кај Шпанија на 1 јули, а за крај ја пречекуваме Украина три дена подоцна.