Доктор Харис Бабачиќ кој е магистер по епидемиологија и докторант на медицинскиот универзитет Каролинска во Стокхолм, Шведска, вели дека во таа скандинавска земја не им се дава толку голем простор на антиваксерите, иако реално секаде се присутни.
Сметам дека Македонија лошо помина со пандемијата. Не би можел да се обвинат само тие што ја менаџираа кризата, бидејќи образецот е ист и во балканските земји. Постоеше и голема недоверба меѓу граѓаните и институциите, поради тоа што здравствените власти во еден дел воведоа нелогични мерки, оценува д-р Бабачиќ во изјава за утринската емисија на ТВ Телма.
Според него, пандемијата ќе заврши до крајот на годината,
За тие земји што имаат голем процент на вакцинација на населението, претпоставките се дека пандемијата ќе заврши до крајот на годината, додека се очекува да продолжи за тие земји каде интересот за имунизација е помал. Сепак, вирусот треба понатаму да се очекува да заврши во ендемска форма, вели д-р Бабачиќ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.