Фото/ ffm.mk

По четвртфиналните натпревари од Лигата на нациите, шпознат е конечниот изглед на квалификациските групи во европската зона за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Популарната платформа „Фудбал Митс Дејта“, даде проценка како ќе изгледа конечниот пласман во квалификациските групи.

За нас најинтересна е прогнозата за Ј групата, во која покрај Македонија партиципираат и Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Македонија во саботата со победа кај аутсајдерот Лихтенштајн ги започна квалификациите.

Македонија има 11 отсто шанси дс го освои првото место во групата, а 24 отсто да избори пласман во баражот за Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Според „Фудбал Митс Дејта“, Македонија има 48 отсто шанси да го освои третото место во групата.

Логично, според рејтингот Белгија е најголем фаворит во групата. Белгија има 55 отсто шанси да го освои првото место, наспротив Велс (33 отсто). Предвидувањата на платформата се дека, кога се работи за второто место Белгија има 31, а Велс 42 отсто шпанси.

Најголеми шанси за директен пласман на СП има Шпанија (85 отсто), потоа Германија (84 отсто), Франција (82 отсто), Холандија (82 отсто), Португалија (81 отсто), Англија (73 отсто), Австрија (70 отсто), Хрватска (68 отсто), Италија (58 отсто), Белгија (55 отсто)…


Текстот Македонија има 11 отсто шанси за директен пласман на СП, 24 отсто шанси за место во баражот е превземен од МАКФАКС.