Глигор Кедиоски, Македонец кој живеел во Англија и покрај молбите на сопругата не сакал да се вакцинира. Откако се заразил со ковид-19, тој поминал околу три недели во болница. Тој на 2 јануари починал на 45-годишна возраст како последица на ковид-19.
Кедиоски бил роден во Прилеп, а живеел во Ливерпул со сопругата Билјана и нивната петгодишна ќерка.
Тој бил познат во заедницата како дарежлив човек и добар пријател кој го живеел животот во потполност. Бил вработен во фабрика, а за време на пандемијата работел и како доставувач, пишува Ливерпул Еко.
Неговите пријатели и семејството сега собираат пари за телото на Глигор по негова желба да биде пренесено во Македонија.
Во декември, откако се заразил со ковид, тој бил примен во болницата во Ливерпул. Тој одбил да се вакцинира против коронавирусот, иако сопругата Билјана постојано го убедувала да го стори тоа.
Додека тој се уште беше свесен, таа му носеше македонската храна што тој ја сакаше. Беше одличен пријател – еден од оние луѓе што е тука за тебе ако ти треба помош. Беше познат по тоа. Го запознав во Ливерпул, но и двајцата сме од исто место. Тој беше малку постар од мене, вели Роберт Каралиоски, пријател на Кедиоски.
Кога бил примен во болница, само на Билјана ѝ било дозволено да го посети. Последните два дена дури и спиела во болница.
Кога го ставија во индуцирана кома, таа сакаше да биде покрај него за да може да разговара со него и да му пушта музика. Додека беше свесен, таа му носеше македонската храна што тој ја сакаше. Таа беше тука за него цело време, вели Каралиоски.
Бидејќи освен Билјана никој не смеел да го посети Глигор, семејството од Македонија постојано му се јавувало на телефон и му праќале многу пораки.
Неговиот татко е се уште жив. Желбата на Глигор и неговото семејство била неговото тело да се врати во Македонија. Семејството секој ден и се јавува на Билјана и прашува кога ќе пристигне телото. „Сите се обидуваат да помогнат. Ова е навистина тежок период, особено за неговата ќерка. Таа постојано прашува кога татко ѝ се враќа од болница; што е најтешко да се одговори, додаде тој.
Роберт рече дека Глигор не сакал да се вакцинира, иако неговата сопруга била целосно вакцинирана.
Се плашеше од вакцината, не беше сигурен како ќе функционира. Се плашеше дека ќе добие некои несакани ефекти. Билјана постојано го убедувала да се вакцинира, но безуспешно. Затоа сега сакаме да укажеме на важноста на вакцинацијата со оваа приказна, изјави Роберт.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.