Италијанската полиција уапси 50-годишен маж осомничен дека се обидел да киднапира две деца пред основно училиште во Милано.

Неименуваниот маж првично се обидел да киднапира 10-годишно девојче, кое на училиште дошло со својата сестра близначка во придружба на мајката, а потоа уште едно малолетно лице.

Според очевидци, мажот рекол „Сакам дете“, а и покрај обидите на присутните да го исплашат, влегол во училиштето во обид да се скрие, пренесува РАИ.

Текстот Маж се обидел да киднапира две деца во основно училиште во Милано е превземен од МАКФАКС.