Судoт во Флорида го прогласи 23-годишниот Донован Фејсон за виновен за убиство на неговата 18-годишна девојка Кајлин Фиенго, која одбила да абортира, пренесе „Унилад“.
Злосторството се случило во ноември 2022 година, кога Фејсон ја намамил Кајлин во парк и ја застрелал во глава. Нејзиното тело било пронајдено во автомобил од полициски службеник за време на рутинска патрола, а покрај неа била најдена и слика од ултразвук.
Истрагата открила пораки во кои Фејсон ја притискал да абортира. Во една од нив ѝ напишал: „Абортирај!!!“, а пред убиството му испратил порака на пријател: „Се колнам во гробот на брат ми, ќе се решам од неа.“
Тужителите навеле дека Фејсон бил лут и под притисок бидејќи живеел со друга жена која дознала за аферата.
Поротата го прогласи за виновен на 27 октомври, а му се заканува смртна казна. Семејството на жртвата изјави дека пресудата „не ја враќа Кајлин, но барем ќе спречи да им наштети на други“.
Текстот Маж од Флорида осуден за убиство на трудна девојка која одбила да абортира е превземен од МАКФАКС.























