46-годишен маж од Лесковац е исклучен од сообраќај откако било утврдено дека имал дури 4,05 промили алкохол во телото додека седел зад воланот на „пежо“.
Од полицијата во Лесковац наведуваат дека со тестирање му го утврдиле нивото на алкохол во крвта и затоа го исклучиле 46-годишникот од сообраќај, пренесуваат „Јужне вести“.
Возачот бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.
Текстот Маж од Лесковац возел со 4,05 промили алкохол во крвта е превземен од МАКФАКС.