Жељко Валент (39) од Загреб е осуден на четири години и десет месеци затвор за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, објави порталот „Бурин“.

Пресудата ја донесе советот на окружниот суд во Риека, а покрај затворската казна, осуденото лице е должно да плати и 3.390 евра за процедурални и вештачења.

Злоупотребата се случила од октомври до втората половина на декември 2023 година во стан во Хановер, каде што Валент престојувал со девојчето.

Според пресудата, тој го искористил отсуството на нејзината мајка и постојано ги допирал интимните делови на детето, пишува „Бурин“. Судот заклучи дека станува збор за однесување кое законот го изедначува со сексуален однос.

Девојчето се обидело да му се спротивстави, но тој ја удирал, а во еден момент таа претрпела полесни повреди, според „Бурин“.

Валент, кој е сопственик на столарија, не бил присутен на објавувањето на пресудата. Судењето, како што е вообичаено во вакви случаи, било затворено за јавноста.
Пресудата не е конечна, а Валент има право на жалба.

Текстот Маж од Загреб сексуално злоставувал 12-годишно девојче: кога му се спротивставувала тој ја тепал е превземен од МАКФАКС.