Српскиот кошаркарски репрезентативец Никола Јокиќ одигра уште еден феноменален натпревар во НБА-лигата откако го врати Денвер на победничките патеки и против Сакраменто беа подобри со 121-111.
Јокиќ зад своето име запиша 33 поени, имаше десет скока, седум асистенции и по две украдени топки и блокади.
Покрај Јокиќ добра партија пружи и Џеф Грин со 18 поени, на другата страна Фокс постигна 30 поени.
Лејкерси ја запишаа четвртата победа во низа, откако славеа против Атланта со убедливи 134-118. И овој пат број еден беше Леброн Џејмс, кој беше близу до трипл-дабл и зад своето име запиша 32 поени, 8 скока и 9 асистенции.
Во останатите средби беа постигнати следните резултати
Филаделфија – Сан Антонио 119:100
Бруклин – Милвоки 109:121
Торонто – Јута 122:108
Чикаго – Вашингтон 130:122
Хјустон – Далас 106:130
Оклахома – Минесота 105:135
Денвер – Сакраменто 121:111
ЛА Лејкерс – Атланта 134:118
Портланд – Кливленд 101:114