Дуелот во рамки на Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Баерн Минхен и Барселона ќе се одигра идната недела без присуство на публика поради неповолната епидемиолошка состојба поврзана со Ковид – 19 во германската сојузна држава Баварија.
Барселона, која е второпласирана во групата Е, ќе му гостува на лидерот Баерн на 8 декември на „Алиjанц Арена“.
– Натпреварот од шестото коло во ЛШ ќе се игра без навивачи на Алијанц Арена поради сериозниот раст на случаите со коронавирус во германскиот регион Баварија во изминатите неколку недели, соопшти попладнево Барселона.
Без публика ден претходно ќе се игра и дуелот меѓу Лајпциг и Манчестер сити, откако германската покраина Саксонија минатиот месец влезе во делумен карантин.