Вечерва стартуваше 3. коло од фудбалската Лига на шампиони, а љубителите на фудбалот видоа 11 погодоци на два меча.
Клуб Бриж вечерва убедливо загуби во пресметката со Манчестер Сити, а гостите стигнаа до триумф од 1-5. Резултатот беше отворен по половина час игра, Фоден испрати одлична топка за Кансело, кој го матираше Мињоле за 0-1. Пред крајот на првиот дел, Марез од пенал донесе 0-2 и најави славје на „граѓаните“.
На стартот од второто полувреме, Вокер реализираше за 0-3, а во 67. минута, додека нововлезениот Палмер прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-4. Ванакен во 81. минута постигна почесен гол за домаќините, а конечните 1-5 беа дело на Марез во 84. минута.
На вториот натпревар од 18:45 часот, Спортинг си замина од Истанбул со три бода и победа од 1-4 над Бешикташ. Коатес го отвори резултатот по 15 минути игра, Ларкин изендачи на 1-1, но Спортинг веднаш се врати во предност со вториот гол на Коатес во 27. минута. Пред крајот на првиот дел, Сарабија реализираше за 1-3. Во последните мигови од мечот, Паулињо ја потврди победата и погоди за 1-4.