Блу Ајви Картер (12), ќерка на Џеј Зи и Бијонсе, е ѕвезда на новиот филм Муфаса: Кралот Лав. Таа го даде гласот на Киара, ќерката на Симба и Нала. Гласот на Симба беше Доналд Гловер, а Нала Бијонсе.
Таа се појави со нејзиниот татко и мајка на холивудската премиера и заедно позираа на црвениот тепих, само еден ден откако Џеј Зи беше обвинет дека силувал 13-годишно девојче во 2000 година со Шон Комбс, попознат како Диди, на афтер забавата на MTV Video Music Awards.
Just my opinion – 12 is an age when you’re still a child. Blue Ivy appears to have lost 6 years of her childhood. She in my opinion has been dressed and beautified to look like an adult. It’s a shame such abuse will pass with no consequence.
— Allexmarie (@AllexmarieHoll1) December 11, 2024
Откако беа објавени фотографиите на Блу Ајви од црвениот тепих, луѓето не можат, а да не се чудат на нејзините години. Мислеа дека е постара.
Blue Ivy is 12 I thought she was like the same age as me like what. I just really hope shes not being forced into a celebrity life by her celebrity parents because it could be unhealthy for her if she doesn’t want to be a celebrity.
— RenRen (@ChocalotePlushi) December 11, 2024
„Има 12 години? Мислев дека сме на иста возраст“, „Сè уште си дете на 12. Мислам дека е облечена како возрасна“, „Не е облечена соодветно за нејзината возраст“, „Изгледа како да има 19 години“, се некои од коментарите.
no way my parents would have let me wear the dress Blue Ivy wore with that kind of cleavage at the age of 12. she legit looks like she’s 19.
— Yessi @yessi16.bsky.social (@YESSISG16) December 11, 2024
Други додадоа дека таа има неверојатна сличност со Бијонсе.
Текстот Луѓето дури сега сфатија колку години има ќерката на Бијонсе и Џеј Зи е превземен од МАКФАКС.