Тимот на Далас славеше на гостувањето кај Торонто со 103-95, иако лошо го отвори натпреварот и по првите 12 минути имаше негатива од седум поени.
Дончиќ со 27 поени, 9 скока и 12 асистенции. Тим Хардавеј додаде 25 поени, а Кристапс Порзингис 18 и десет скока. Кај Торонто Оџеј Ануноби постигна 23 поени, Фред Ванвлит 20, а Скоти Барнс 17.
Прва победа запиша и тимот на Кливленд кој на свој паркет беше поуспешен против Атланта со резултат 101-95.
Рики Рубио беше најефикасен во тимот на Кливленд со 23 поени, шест скока и осум асистенции. Еван Мобли постигна 17 поени со 11 скока, а по 12 имаа Кевин Лав, Лаури Марканен и Колин Секстон.
Највозбудливо беше во Индијана, каде што домашната екипа по продолжението 102-91 го скрши отпорот на Мајами Хит.