Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ги потврди плановите за средба со рускиот претседател Владимир Путин на форумот во Волгоград, Русија, по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, на крајот на април.

„Ова е многу, многу посебна година за регионот Витебск, за нашата Белорусија. И ние всушност ги правиме првите чекори за да ја прославиме оваа голема победа денес“, рече белорускиот претседател за време на посетата на црквата во Толочин, регионот Витебск, пренесе ТАСС, цитирајќи го известувањето на белоруската агенција Белта.

Лукашенко ја нарече 2025 година посебна година за Белорусија, поради прославата на 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

„Во наредните денови ќе ги продолжиме овие прослави во близина на Сталинград, на Волгоградската земја. Се договоривме со претседателот на Русија, ќе се сретнеме таму, ќе разговараме со младите, ќе им оддадеме почит на оние херои кои се бореа на Волга. Потоа – парада во Москва, во Белорусија. И до Денот на независноста на Белорусија (3 јули) ќе им одаваме почит на оние кои го дадоа животот“, рече Лукашенко.

Регионот Витебск беше меѓу најтешко погодените за време на Втората светска војна.

„Дури и сега, додека работиме на докази за злосторствата на фашистите во нашата Белорусија, работиме на идентификување на фактите за геноцидот на белорускиот народ. И знаете, наоѓаме многу гробни места во регионот на Витебск“, рече Лукашенко.

Текстот Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин е превземен од МАКФАКС.