реклама
Претседателот Стево Пендаровски синоќа на свечена церемонија во Филхармонија, ги одликува со Орден за заслуги актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски и Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски.
Неговата ќерка, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на својот фејсбук профил преку емотивна објава му го честиташе орденот на нејзиниот татко.
реклама
„Уметниците живеат со сето срце во своите гради. Живеат за аплауз, за уште една премиера, за уште еден лик, за уште една Партија реми. И со ништо и за ништо не би го замениле тој живот. Како што и тој за мене е единствен. Мојот татко, ваш Ѓокица Лукаревски. Честитам тато и им честитам на сите кои денеска беа одликувани од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Добро е кога уметници добиваат ордени. Како ним најмногу да им прилегаат“, напиша Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
реклама