Еден од најдобрите играчи на Њукасл оваа сезона, Луис Хол, поради повреда ќе го пропушти финалето од Лига купот против Ливерпул.
Финалниот мач во Лига купот ќе се одигра в недела на 16. март.
Повредата на Хол е дополнителен удар за Њукасл, бидејќи финелато ќе го пропушти и Ентони Гордон поради црвениот картон кој го доби на натпреварот од ФА Купот против Брајтон.
Хол има повреда на скочниот зглоб и најавено е дека ќе отсуствува најмалку две недели.
Неизвесно е дали Хол ќе може да игра за Англија, бидејќи селекторот Томас Тухел имал намера да го повика на првите натпревари како тренер на националниот тим.
Брилијантниот лев бек оваа сезона забележа четири асистенции на 34 натпревари.
Текстот Луис Хол ќе го пропушти финалето во Лига купот е превземен од МАКФАКС.