Луис Хамилтон излета од патеката за време на приватниот тест на Ферари во Барселона.
Седумкратниот шампион во Формула 1 излетал неповреден, а инцидентот се случил додека Британецот го минувал третиот сектор на патеката во Каталонија.
Поранешниот возач на Мекларен и Мерцедес удри во бариера во неговиот модифициран болид СФ-23. Помина без посериозни последици во инцидентот, но неговиот болид претрпе оштетувања.
Хамилтон сам излезе од возилото, кое потоа беше вратено во боксот, каде механичарите на Ферари ќе ја анализираат причината за новонастанатиот проблем.
Lewis Hamilton has had a minor crash in testing in Barcelona.
It is understood that he has no injuries and is doing well. pic.twitter.com/GfiDtXXr4f
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) January 29, 2025
Шарл Леклер требаше да го преземе возниот дел од остатокот од тестирањето, но ќе мора да почека додека автомобилот не биде подготвен за возење.
Текстот Луис Хамилтон излета од патеката за време на приватниот тест на Ферари во Барселона е превземен од МАКФАКС.