Шпанската фудбалска федерација го назначи Рафаел Лузан за нов претседател до 2028 година. Тој е прв човек на галициската федерација, а при гласањето го победи Салвадор Гома од Валенсија со 90 гласа за и 43 против.

Победата на Лузан претставува големо изненадување, бидејќи тој претходно доби забрана за вршење јавна функција откако беше прогласен за виновен за измама додека раководеше со друго јавно тело. Но, за ова прашање се уште се чека одлука на Врховниот суд. Одлуката треба да биде донесена на 5.февруари.

Доколку Лузан биде спречен да ја извршува функцијата претседател на Шпанската фудбалска федерација поради пресудата, тој ќе стане четвртиот претседател на кој ќе биде сменет од таа функција.

Шпанската фудбалска федерација е без претседател од 16 јули по разрешувањето на Педро Роча, кој беше обвинет од Управниот суд за спорт за пречекорување на должностите со разрешување на тогашниот генерален секретар на федерацијата, Андреу Кампс.

Роча, кој исто така е вмешан во случај на корупција, беше избран за претседател во април на местото на Луис Рубиалес, кој беше сменет од функцијата поради насилно бакнување на фудбалерката Џени Хермосо за време на церемонијата на доделување медали за шпанската репрезентација на Светското првенство за жени во август 2023 година.

Текстот Лузан нов претседател на Шпанската фудбалска федерација е превземен од МАКФАКС.