Чешката Република им се придружи на 14 други земји во потпишувањето на Договорот за формирање нова коалиција која ќе се фокусира на интегрираните воздушни и ракетни одбранбени способности. Оваа коалиција има за цел да ја зајакне и координира поддршката за зајакнување на воздушната одбрана на вооружените сили на Украина. Таквата соработка се очекува да ја зајакне ефективноста на Украина на првите линии на фронтот и да ја подобри заштитата на цивилите од руските воздушни напади.
Понатаму, Чешка во моментов е во преговори со Германија за набавка на дополнителни 15 „Леопард 2А4“ како дел од компензацијата за воената помош обезбедена за Украина.
-Пораката која ќе ја упатам е кратка и силна. Две години се долго време. Време на маки и болка. Уморни сме не сакаме повеќе војна. Но нема компромис помеѓу доброто и злото. Не постои компромис помеѓу вистината и лагата и треба да сме свесни за тоа. Ние знаеме кој е окупаторот, изјави во своето обраќање амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.Е. Јарослав Лудва, на големата конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода.