Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку изјави дека размислува да се откаже од националниот тим, делумно поради токсичната атмосфера во тимот за време на Европското првенство во Германија минатото лето.
Лукаку е еден од најдобрите белгиски фудбалери на сите времиња и е најдобар стрелец во националниот тим со 86 голови, постигнати на 121 натпревар.
Белгија минатото лето беше елиминирана во осминафиналето на Европското првенство, а Лукаку не беше задоволен од атмосферата во тимот. Репрезентацијата на Белгија во последните години беше во центарот на вниманието поради контроверзи, вклучувајќи ја и одлуката на капитенот Кевин Де Бруине да ја одведе екипата надвор од теренот без да ги поздрави навивачите кои ги исвиркуваа за нивната лоша игра, по ремито со Украина.
По заминувањето на поранешниот селектор Доменико Тедеско, голманот Тибо Куртоа ја промени одлуката да се повлече од репрезентацијата. Неговото враќање во репрезентацијата, со одлука на новиот селектор Руди Гарсија предизвика контроверзии, бидејќи голманот Кун Кастелс веднаш ја напушти репрезентацијата во знак на протест.
Лукаку, кој настапува за Наполи, изјави дека разочарувачкиот настап на Европското првенство влијаел врз него, поради што размислувал да се повлече од националниот тим.
„Размислував за заминување по Европското првенство и поразот од Франција. Бев многу фрустриран и му кажав на Јан Вертонген дека повеќе не ми се допаѓа она што се счучува. Премногу брзо се случи. Но, не можев да ја напуштам мојата земја”, изјави Лукаку за француските медиуми.
„За време на турнирот целосно се концентрирам на тимот. После тоа беше тешко да се разбере се што се случуваше на ЕП. Атмосферата беше прилично токсична, а ние не дававме резултати. Не реагирам добро на пораз“.
Инаку, Белгија, синоќа во Мурсија, дожиеа пораз од Украина (3:1), во првиот натпревар за опстанок во А-дивизијата во Лигата на нации.
Текстот Луаку размислува(л) да ја напушти репрезентацијата е превземен од МАКФАКС.