Џордан Лојд, поранешен играч на Торонто Репторс, Црвена звезда, Макаби, сега член на Монако, во Париз поднел барање за добивање на полско државјанство, јавуваат полските медиуми.

Американецот наскоро би можел да заигра за оваа европска земја на инсистирање на селекторот Игор Миличиќ. Се очекува Лојд да го замени 38-годишниот Еј Џеј Слејтер.

Покрај асот на Монако, Полјаците сакаат да натурализираат уште еден Американец Џерик Хардинг кој моментално е член на Андора.

„Сакаме да имаме двајца натурализирани играчи поради повреди и други непредвидени околности. Треба да бидеме јаки во сите линии, бидејќи следниот Евробаскет е многу важен за Полска“, изјави Игор Миличиќ.

Како што истакна Миличиќ, двајцата играчи изразиле желба да играат за Полска не само на континенталниот шампионат, туку и во годините што следат.

Текстот Лојд поднел барање за полско државјанство е превземен од МАКФАКС.