Вчера во 20.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот А.М. од Гостивар.
Тој се сомничи дека на 07.07.2025 сторил кривично дело „кражба“ на електричен тротинет, сопственост на 31-годишна жена од Гостивар.
Украдениот тротинет бил пронајден и вратен на сопственичката, а А.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Текстот Лишен од слобода крадец во Гостивар, украденото вратено на сопственичката е превземен од МАКФАКС.