Лисичанск и понатаму е цел на тешка руска артилерија, откако регионалните власти на истокот на Украина соопштија дека овој град е цел на „исклучително“ бомбардирање. Лисичанск е последниот град контролиран од украинските сили на истокот на земјата. Шефот на воената администрација за регионот Луганск, Серхи Хејдеј, рече дека Лисичанск е постојано под гранатирање со тешко оружје од руските сили, кои се обидуваат да го опколат бидејќи Москва има за цел да го контролира целиот Донбас. – индустриски регион на истокот на Украина. Во градот има уште 15.000 цивили, а пред војната во него живееја над 100.000 лица.

Advertisements

„Сите се чувствуваме исто. Никогаш нема да им ја дадеме Украина“, вели еден војник.

„Во Севердоњецк нè поразија, но во Лисичанск можеме да издржиме уште малку“, велат од националната гарда.

Британското Министерство за одбрана во своето последно ажурирање соопшти дека борбите во Лисичанск сега се фокусирани во близина на нафтената рафинерија на околу 10 километри југозападно од центарот на градот. Во меѓувреме, Украина соопшти дека нејзините воени сили ги избркале Русите од симболичниот Змиски остров во Црното Море. Но, ова тврдење Москва го негираше и наведе дека всушност станува збор за нивно доброволно повлекување во знак на добра волја за да покаже дека Русија не ги блокира напорите за извоз на земјоделски производи и жито.

Алсат

Прикажи повеќе