Ливерпул е подготвен да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез (25) бидејќи не се вклопува во фудбалската филозофија на тренерот Арне Слот, објавија во понеделникот британските медиуми.

Иако ги чинеше 100 милиони евра (со бонуси) кога пристигна од Бенфика во 2022 година, управата на „црвените“ би била среќна доколку некој им понуди 60 милиони евра за Нуњез, чиј договор е до летото 2028 година, истакнуваат британските дневни весници.

Уругвајскиот интернационалец не се вклопи во плановите на тренерот Слот, чиј супермодерен фудбал го воодушеви светот.

Во оваа напредна фудбалска шема, напаѓачката тројка, која ги „малтретира“ противниците, ја сочинуваат Коди Гакпо, Мохамед Салах и Луис Дијаз, додека Нуњез во игра најмногу влегува од клупата за резерви.

Меѓу оние кои би можеле да бидат заинтересирани за Нуњез, според британските медиуми, е и Њукасл.

Текстот Ливерпул е подготвен да го продаде Дарвин Нуњез е превземен од МАКФАКС.