Вечерва нова тура натпревари во Лигата на шампионите. На програмата се првите осминафинални натпревари. Дербито е во Париз, ПСЖ ќе го пречека Ливерпул. Програмата ќе ја отворат Феенорд и Интер, дуелот во Ротердам ќе започне во 18.45 часот.
Може ли Усман Дембеле да го засени Мохамед Салах е прашањето кое логично се поставува во фудбалските кругови. Првиот е најефикасен фудбалер во 2025 година, вториот најпродуктивниот играч во Европа оваа сезона.
Дембеле експлодираше по суспензијата во средината на декември минатата година, постигна 21 гол во одличната серија на ПСЖ од 18 победи и едно реми (Ремс) во овој период.
Навивачите на „светците“веруваат дека Дембеле ќе ја продолжи одличната серија и ќе го доближи ПСЖ до место меѓу осумте најдобри.
Мохамед Салах има сезона од соништата. Иако договорот му истекува на крајот од сезоната, а нема индикации дали ќе го продолжи, Египќанецот е вистинскиот фараон на европскиот фудбал. На 39 натпревари во сите натпреварувања постигна 30 гола и забележа 22 асистенции, што го прави убедливо најпродуктивниот играч во Европа оваа сезона. Затоа навивачите на „црвените“ сонуваат не само за титулата во Премиер лигата, која е на дофат, туку и за трофејот во елитното натпреварување.
Екипите се комплетирани, ПСЖ е непоразен на 22 меча, последен пат теренот со наведнати глави го напуштија на крајот на ноември по мечот со Баерн (0:1). Ливерпул сезонава претрпе само четири порази, во Париз пристигнува со една цел – победа.
Низ историјата, ПСЖ и Ливерпул одигрле два натпревари, во фазата по групи во Лигата на шампионите во сезоната 2018/19, „црвените“ победија со 3;2 на домашен терен, а парижаните одговорија со 2:1 на „Паркот на принцовите“.
Интересно треба да биде и во германската пресметка, во Минхен ќе гостува актуелниот германски првак. Баерн во последните две сезони мака мачи со Баер Леверкузен. Во последните шест натпревари „фармацевтите“ забележаа три победи и три пати одиграа нерешено. Сезонава во Бундеслигата двапати го поделија пленот (1:1, 0:0), додека Баер победи во Купот. Сепак, Лигата на шампионите е посебна мотивација…
Бенфика ја пречекува Барселона без Анхел ди Марија и прашање е колку добро може да парира на тимот кој е во серија од 15 меча без пораз. Овие тимови се сретнаа во првата фаза, на 21.јануари одиграа спектакуларен натпревар во Лисабон кој заврши со победа на Барселона (5:4).
ЛШ, осминафинале:
Феенорд – Интер 18.45 часот
Баерн – Баер Леверкузен 21.00 часот
Бенфика – Барселона 21.00 часот
ПСЖ – Ливерпул 21.00 часот
Текстот Ливерпул гостува во Париз, Баерн го чека Баер е превземен од МАКФАКС.