Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, е најголемата желба на Ливерпул во престојниот зимски преоден рок, а за услугите на бразилскиот офанзивец некогашниот европски првак е подготвен да издвои дури 80 милиони евра.
Бразилецот веќе трета сезона е во „Кралскиот клуб“, но никако не успева да дојде до полн израз под жестоката конкуренција.
Во Ливерпул веруваат дека би бил вистинско освежување за крилната позиција и ќе направат се за во јануари да го доведат во своите редови.
Освен Родриго, на скенерот на Ливерпул се и Џерод Боуен од Вест Хем и Рафиња од Лидс.