Фудбалскиот клуб Лестер, англиски шампион од 2016 година, се соочува со сериозен проблем. На клубот Фудбалската асоцијација ќе му одземе бодови, што дополнително ќе влијае во борбата за опстанок во лигата.
Лестер минатото лето се спаси од казна со „измама“, за прекршување на финансиските правила за сезоната 2022/2023. Фудбалската асоцијација не ги казни поради тоа што финансискиот извештај го доставија откако веќе испаднаа од лигата.
Клубот сега чека одлука за можна казна за загуби од 92,5 милиони фунти и 90 милиони фунти за финансиските години 2022 и 2023 година. Клубовите од Премиер лигата може да имаат загуби од 105 милиони фунти во период од три години.
Најдоцна до 13. јануари ФА ќе го извести клубот дали е покренато обвинение за прекршување на равилата за одржливост.
Според британските медиуми, клубот се надева дека и овојпат ќе ја избегне најлошата казна (одземање на бодови). Доколку тоа се случи клубот со една нога ќе биде во Втората лига.
Текстот Лестер се соочува со одземање бодови е превземен од МАКФАКС.