Можете да ги јадете наместо леб, а тие се едноставни и вкусни.

Состојки:

500 гр компири
околу 90 гр брашно
1 лажица шеќер
сирење по вкус

Подготовка:

Исчистете го компирот и сварете го. Направете пире, а потоа додадете брашно, шеќер, сол и бибер. Промешајте добро. Набрашнете ги рацете, потоа земете малку смеса од компири и направете круг (најблиску до тоа). Вметнете 3-4 помали парчиња сирење, потоа направете топка. Израмнете со прстите. Пржете во загреано масло додека не ја сменат бојата.