Леонардо ди Каприо, едно од најпознатите имиња во светот и Холивуд, важи за еден од најдобрите актери на својата генерација. Кариерата ја почна како тинејџерски идол, но неговиот талент и посветеност му донесоа статус на икона.
Од неговата улога на Џек во Титаник до Џордан Белфорт во Волкот од Волстрит, Ди Каприо постојано испорачува врвни изведби.
Иако Де Ниро имаше значително влијание врз неговата кариера, Ди Каприо за Esquire во 2010 година откри дека најмногу му оставила впечаток легендарната Мерил Стрип, со која работеше на филмот „Собата на Марвин“ од 1996 година.
„Имав 18 години кога работев со Мерил. Гледајќи ја зад камерите, се прашував како ќе изгледа нејзиниот настап на екранот. Но, кога го видов филмот подоцна во кино, си помислив: „Боже мој, таа изгледа многу природно“.
Нивната соработка продолжи во филмот Don’t Look Up (Не гледај нагоре), каде и двајцата се испробаа во нетипични улоги.
По соработката со големи режисери како Стивен Спилберг, Мартин Скорсезе и Алехандро Гонзалес Ињариту, Ди Каприо доби бројни номинации за Оскар низ годините. Сепак, само со улогата во филмот „Повратникот“ од 2015 година, тој конечно ја освои престижната награда, зацврстувајќи го својот статус на еден од најголемите актери на сите времиња.
Текстот Леонардо ди Каприо откри кој актер според него е најдбар е превземен од МАКФАКС.