Лени Кравиц (61) ги воодушеви своите обожаватели со својата најнова објава на „Инстаграм“.

Тој позираше без маица и ги покажа стомачните мускули. „Лас Вегас. 43 степени“, стои во описот на објавата кадешто собра еден куп комплименти.

„Како е овој човек на 61 година?“, „Не можам да кажам ништо пристојно“, „Би сакал да го запознаам“, „Изгледаш одлично“, „Сите зумираме како да нема утре“, напишаа следбениците во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

Музичарот го одржува својот младешки изглед со здрав начин на живот и редовен тренинг, за што често зборуваше во претходните интервјуа.

Тој одгледува поголем дел од својата храна, а неговото мени е претежно растително.

„Јадам многу чисто“, рече музичарот, нагласувајќи дека внимава што внесува во своето тело.

Вежбањето е подеднакво важен дел од неговата рутина – тој сака кардио, особено возење велосипед, и тренира каде што може. Подготовките за турнејата подразбираат целосен фокус: без алкохол, цигари и ноќни излегувања, со задолжителни осум часа сон.

„Тоа е комбинација од гени, грижа за себе, напорна работа и дисциплина“, објасни Кравиц, додавајќи дека доследноста во овие навики ги зајакнува сите други аспекти од неговиот живот.

Текстот Лени Кравиц (61) позираше без маица и ги покажа стомачните мускули е превземен од МАКФАКС.